Виртуелен самит Г-20 во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија е домаќин на самитот Г 20 (21-ви ноември), прв за оваа арапска земја, со намален виртуелен форум и во кој ќе доминираат напорите за борба против пандемијата на коронарниот вирус и економската криза.
Самитот, кој се одржува во време кога пандемијата беснее низ целиот свет и кој обично е можност за директни средби на светските лидери, се сведе на кратки сесии преку Интернет, кои набљудувачите ги нарекуваат „дигитална дипломатија“.
Со самитот ќе претседава саудискиот крал Салман, а извори блиски до организаторите велат дека климатските промени ќе бидат меѓу важните теми, јавува АФП.

На самитот се очекува да присуствуваат светски лидери, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин. На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.

Close