85 прекршоци за неносење заштитна опрема

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 85 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-24, Струга-24, Кичево-18, Дебар-19). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 67 контроли врз угостителски и други објекти.

Close