Семе од сончоглед здрава ужина

Доколку барате здрава ужина која ќе ве засити но во исто време и исполни вашиот организам со хранливи материи, семињата од сончоглед се вашиот избор.

Достапно, економично и практично, семето од сончоглед е се на се здрава ужина која ќе ве преплави од витамини и минерали и ќе го заштити вашиот организам.

Сончогледовите семиња се дар од сончогледовиот цвет кој во неговата средина произведува сиво-зелени или црни семиња во облик на солза кои честопати имаат црни или бели ленти. Овие семиња имаат голема содржина на масло, затоа и сочогледовите семиња се главни извори на производство на масло (зејтин).

Пред да ви напоменеме како семето од сончоглед влијае на нашето здравје, ќе приложиме нутритивни вредности во 35гр количество семе од сончоглед:

Енергија 204kcal, протеини 7.27гр, јагленихидрати 7гр, масти 18.01гр, влакна 3.01гр, витамин Е 12.31мг, бакар 0.63мг, витамин Б1 0.52мг, манган 0.68мг, селен 18.55 мкг, фосфор 231мг, магнезиум 113.75мг, витамин Б6 0.47мг, фолна киселина 79.45мкг, витамин Б3 2.92мг.

Анти-воспалителни и кадриоваскуларни предности

Сончогледовото семе содржи две хранливи материи кои го подобруваат кардиоваскуларниот ситем – витамин Е и фолна киселина. Една четвртина чаша на сончогледово семе содржи повеќе од 60% од дневната потреба на витамин Е. Овој суштински витамин врши важна антиоскидантна функција и може да помогне во намалувањето на ризикот од рана смрт од кардиоваскуларни болести. Витамин Е помага при неутрализација на слободните радикалаи за да се заштити здравјето на мозокот и клеточните мембрани против црвенило или оток. Покрај тоа, фолната киселина помага на кардиоваскуларниот систем од раѓање до старост. Се метаболизира хомоцистеин, индикатор за кардиоваскуларни проблеми, во метионин, аминокиселина. Фолната киселина и есенцијалните масни киселини кои природно се наоѓаат во семето од сончоглед  видно му помагаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Фитостеролите помагаат при баланс на нивото на холестерол

Семките од сончоглед содржат високо ниво на фитостероли. Овие фитостероли имаат физички својства слични како холестеролот; повеќе од еднаш истражувањата докажале дека е потребен за поддршка на здраво ниво на холестерол.

Голем извор на магнезиум

Недостаток на магнезиум може да доведе до голем број на здравствени проблеми кои влијаат на кардиоваскуларниот, нервниот и имуниот систем. Мускулите и скелетниот систем исто така имаат потреба од магнезиум за правилна функција. Четвртина чаша обезбедува повеќе од 25% од препорачаната потребна дневна доза на магнезиум, кој ќе даде заштита на вашиот мозок, срце, мускули и многу повеќе.

Помага при здраво расположение

Има дополнителен бонус на магнезиум во семките од сончоглед, кој помага при здраво расположение. Имено пред повеќе од 100 години магнезиум сулфат бил даван на пациенти кои страдале од депресија. Неговиот успех, како и неговата безбедност обезбедија да биде опција при таков третман. Денес магнезиумот игра суштинска улога во хомеопатската терапија за ментално здравје.

Содржи селен; моќен антиоксиданс и одлична заштита на здравјето на тироидната жлезда

Семките од сончоглед содржат селен, суштинска хранлива материја. Истражувањата откриле дека игра улога како антиоскиданс и помага во намалување на црвенило и оток во телото. Неодамна беше индетификуван за клучна улога во метаболизмот на тироидните хормони. Селенот исто така е познат по својата способност да поттикне поправка на ДНК оштетени клетки.

Повеќе од доволно причини да ги вкучитете семињата од сончоглед во вашата секојдневна исхрана, дали во форма на ужина, сирови, печени со малку зачини, додаток на салати, јадења или во форма на намаз и путер тие ќе бидат ваш заштитник на здравјето и заситник на стомакот.

 

Close