Единствена Македонија до Марешки: Ако е бал, нека е маскенбал, ајде да ја направиме големата држава со Солун како главен град

Единствена Македонија ја поздравува идејата на заменик-претседателот на Собранието на Бугарија Владимир Марешки за формирање заедничка голема држава. Но, единствениот пат до тоа е да се освои Солун како главен град на идната голема држава и затоа го повикуваме Марешки да тргнеме да се биеме за Солун, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Само така ќе го оствариме вековниот сон за голема држава на сите Македонци од етничка Македонија од која пиринскиот и беломорскиот дел и понатаму се окупирани од Грција и Бугарија. На тој начин, во новата заедничка држава ќе се најдат и македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата и сега се главниот проблем меѓу Бугарија и Македонија. Исто така, со новата голема држава јасно ќе се разграничат Бугарите за кои цел свет знае дека влечат корени од татарско-монголското потекло.

Во однос на функциите што ги предлага Марешки во идната голема држава нека не се сеќира, лесно ќе дојдеме до тоа, а за почеток, еве првиот кмет на Солун ќе биде првиот македонски јаничар од типот на Захариева, Каракачанов, Ковачев… кој се осознал и вратил на своите изворни македонски корени,  се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Close