Фајон: Ветото за преговори ќе им наштети пред сѐ на граѓаните на С. Македонија

Европратеничката од Словенија, Тања Фајон, попладнево изјави дека земјите-членки на ЕУ не смеат повеќе да го одлагаат отворањето на преговорите за членство со Северна Македонија и ги повика да ја преземат својата одговорност.

-Клучно е Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ. Денеска Советот не само што има шанса, туку има обврска да го исполни своето ветување дадено во март, да ги отвори пристапните преговори со земјата, изјави Тања Фајон.

Таа нагласи дека не смее да се одлага повеќе оваа одлука.

-Сите носиме одговорност, и Северна Македонија ја исполни својата работа, секое дополнително одлагање ќе им наштети пред сѐ на нејзините граѓани посебно во овие времиња на пандемија кога економскиот и социјалниот развој и се многу потребни на земјата, додаде Фајон.

Пратеничката истакна дека во игра овој пат е најважното: взаемната доверба.

Close