Екс реисот Реџепи тврди дека му помогнал на Пендаровски да победи на изборите

Поранешниот реис на Исламската верска зџаедница, Сулејман Реџепи, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека му помогнал на македонскиот претседател Стево Пендаровски да победи на минатогодишните избори, по што неговиот кабинет излезе со демант. Поранешниот поглавар на ИВЗ вели дека пратеници на Зоран Заев и Али Ахмети го молеле да обезбеди гласови за Пендаровски.

„Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев, и Изет Меџити, преставник на ДУИ, ме молеа да ги примам на состанок. Им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Јас ја повикав мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано – ова е твоја победа не моја, рече Реџепи во гостување на ТВ 21.

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, целосно ја демантира изјавата на поранешниот претседател на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, дадена во емисијата „Клик плус на ТВ21.

Close