Од починат пациент во болница украле златен накит

СВР Штип информира дека во текот на вчерашниот ден, е регистрирана кражба на златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение.

„Околу 14 часот на Инфективно одделение дошле вработени од погребално да го подигнат телото на починатото лице, при што го побарале златниот накит за да го предадат на фамилијата, но од страна на засега непознато лице накитот бил одземен“, стои во соопштението на СВР Штип и додаваат дека вработен од обезбедувањето во болницата ја пријавил кражбата.

Полицијата веќе работи на расчистување на случајот.

Close