Откажани сите прослави за Нова Година во Москва

На новогодишната ноќ сите ресторани во Москва ќе бидат затворени, изјави шефот на Одделот за трговија и услуги на рускиот главен град, Алексеј Немерјук.

„Новата година ќе дојде, нема да исчезне никаде, ќе се појави на 31 декември, но за жал, очигледно, во нешто поскромен формат. Повеќето ресторани нема да работат ноќе, поточно, не повеќето, туку сите”, прецизира Немерјук за „Русија 24″.

Според него, исто така, не е планирана културна програма во рестораните.

„Во суштина, ќе може да се дочека Новата година на 31 декември и 1 јануари и другите денови во сите ресторани во Москва, но со исклучок на ноќното време“, додаде Немерјук.

Според него, не станува збор за целосно затворање на рестораните во руската престолнина.

Close