Расте бројот на загинати по пукањето на браната во Бразил

Седум дена по уривањето на рударската брана во Бразил, бројот на загинатите се искачи на 99, а бројот на исчезнатите изнесува 259 луѓе, соопшти бразилската Агенција за вонредни состојби. Претставници на спасувачката служба соопштија дека шансите за спасување се многу мали. Последните преживеани беа извлечени во саботата, објавуваат светските новински агенции.

Браната кај градот Брумадињо, во југоисточната сојузна држава Минас-Жераис, се урна минатиот петок и покрена 13 милиони кубни метри тиња. Браната ги задржуваше отпадите од руникот за железна руда во сопственост на компанијата „Вале СА“. Компанијата вети дека ќе им испалите по околу 27.000 долари на загинатите. Портпаролот на компанијата, Серхио Леите, прецизираше дека ветувањето за отштетата е доброволно и не е дел од пакетот помош за настанатите штети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close