Видео со извадок од „Пиреј” на иницијативата „Македонски збор”

„Македонски збор” објави видео на Јутјуб – извадок од романот „Пиреј” на Петре М. Андреевски со интерпретација на главниот женски лик Велика.

– Велика е горда македонска жена, мажена за Јон кој заминува да се бори на фронтот и ја остава сама со петте деца – Ангеле, Капинка, Роса, Здравко и Ѕвездан. Сите ѝ умираат на раце. Сите ги испраќа во смрт, сама без никого, олицетворувајќи ја маката и силата на македонската жена во војните, соопшти „Македонски збор” –  иницијатива на неколку ентузијасти инспирирани од љубовта кон Македонија и почитта кон пишаниот македонски збор.

Тие создаваат видеосодржани од македонски дела, со интерпретација на извадоци од нив и со графички дизајн на карикатуристот со псевдоним Седо Перо.

Close