Симон Поликарп-Џими: Не смееме да дозволиме Македонија да се испусти, да стане како Сахара – без луѓе

Симон Поликарп-Џими е првиот Африканец што станал кандидат за градоначалник, на предлог од Интегра за предвремените избори за градоначалник на Штип.

Тој вели дека не размислувал многу за предлогот на Интегра, а како што порача во интервју за ММС, главен приоритет ќе биде да ги задржи младите во градот.„Јас сум прв Африканец, прв Нигериец што станал кандидат за градоначалник. Како што многу дошле и останале, така и јас ја засакав оваа мила и убава земја која за мене секогаш ќе биде Македонија. Не смееме да дозволиме Македонија да се испусти, да стане како Сахара – без луѓе“, вели Џими.

Close