Филипче: Носете маски, асимптоматски се 75 отсто од случаите на ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче повторно апелираше да се носат маски, со објаснување дека 75 проценти од сите случаи на ковид-19 нсе асиптоматски и може да го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа.

„Дури 75 проценти од сите случаи на ковид-19 се асиптоматски, односно немаат симптоми. Тоа значи дека тие може да го пренесуваат вирусот без воопшто да бидат свесни за тоа. Затоа е важно сите да носиме маски и да бидеме сигурни дека и асимптоматските носители не го шират вирусот. Со носењето маска се штитиме себе, но пред сѐ другите. Личната одговорност и свесност е клуч во борбата со пандемијата, а маските докажано се успешни во спречувањето на ширење на вирусот. #НосамМаска“, напиша Филипче на Фејсбук.

Close