Три сценарија кога повторно ќе можеме да живееме без заштитни маски

Експертите се согласуваат дека маските се добра заштита затоа што создаваат силна бариера против ширењето на капките кои се одговорни за пренесувањето на коронавирусот SARS-CoV-2.

Ако ги вдишете овие капки или некако ви влезат во устата или носот, можно е да се заразите. Ако ја допрете маската што содржи вирус, може да бидете изложени на инфекција.

Бидејќи маските сега се задолжителни и на затворен и на отворен простор, веројатно се прашувате: Кога ќе можам да престанам да носам маска?

Многу експерти ќе речат: Не во догледно време.

Досега, сите знаеме дека маската е одличен заштитен агенс кој спречува ослободување на вирусот во околината каде што другите луѓе можат да го вдишат. Маската нуди и одредена заштита од вдишување на вирусот од друго лице. Накратко, носењето маска ќе спречи ширење на инфекцијата.

Со оглед на ова, лесно е да се заклучи дека ќе престанеме да носиме маски во моментот кога ќе бидеме сигурни дека не можеме да го пренесеме вирусот. Па, во теорија, постојат неколку сценарија кога сите ќе можеме да се движиме низ светот без маски.

Ова се трите сценарија:

* Кога ќе постојат докази дека вакцината е достапна и се користи до тој степен што бројот на заразени е драстично намален

* Кога ќе се постигне „имунитет на стадо“ кон коронавирусот

* Кога сите ќе станеме имуни на вирусот

Проблемот е во тоа што не знаеме кога ќе се случи нешто од ова и дали ќе се случи. Некои експерти веруваат дека вирусот ќе биде заразен и ќе биде меѓу нас во следните пет години. Тој модел покажува дека бројот на лица заболени од COVID-19 ќе продолжи да расте, а ќе почне да опаѓа дури кога ќе се развие вакцината. Податоците укажуваат дека ќе мора да продолжиме да носиме маски со цел да спречиме голем број нови случаи на заразени.

Close