Одземен пасошот на Лидија Димова


На рочиштето за мерки, судијата Седат Реџепакгиќ одлучил да го прифати барањето на обвинителството и да и го одземе пасошот на Лидија Димова.
Осомничена е за измама на европски пари за образование и злоупотреба на службената положба додека директоруваше со НА. По дваесетина минути, во придружба на адвокати Димова без збор го напушти судот, но со обврска да доаѓа редовно и да пријави дека е достапна за истрагата.
Пасошот му е одземен и на Александар Гочев, надворешен соработник на Агенцијата кој во оваа истрага е осомничен за измама. За овој случај кој излезе од Финансиската полиција, штетата е проценета на над 410 илјади евра.