Идеални за протеини, витамини и минерали

Леблебијата е вид мешунка која претставува одличен извор на протеини, витамини и минерали. Од минерали, леблебијата содржи големи количини железо. Дури и варената леблебија содржи двапати повеќе железо од истата количина на месо. Големата количина на железо ја прави леблебијата погодна за исхрана на слабокрвните (анемични) лица. Во оваа мешунка се содржат и големи количини на калциум, кој ги јакне коските, магнезиум кој е добар за регулирање на притисокот, манган, фосфор, цинк, витамини од Б групата и други корисни состојки.
Истражувањата покажаа дека со редовното консумирање на овие мешунки мошне бргу можат да се намали нивото на холестерол во крвта.
Леблебијата лесно се вари и благотворно делува на органите за варење. Се препорачува на луѓето кои страдаат од синдром на иритабилни црева. Таа има и низок гликемски индекс, поради што може да помогне во стабилизација на нивото на шеќери во крвта.
Леблебијата е нискокалоричен продукт, па затоа често се препорачува при диети, бидејќи долго време дава чувство на ситост.
Леблебијата има уште едно корисно дејство, односно помага од организмот да се исфрлат сулфатите (кои често се користат како конзерванси). Американската управа за храна и лекови (ФДА) во извештајот наведува дека еден од 100 луѓе е пречувствителен на сулфати. Оваа чувствителност може да се јави во кој било период од животот, а симптомите се слабост, мачнина, дијареа (пролив), исип на кожата и тешко дишење.
Првата причина зошто веднаш да почнете да го применувате наутот во вашето секојдневие е богатството од диетални влакна кое го поседуваат. Содржат два типа на диетални влакна од кои едните се солубилни и се поврзуваат со намалување на холестеролот.
Вториот тип на диетални влакна се несолубилни и минуваат брзо низ дигестивниот тракт. Крајниот ефект и на двата типа на диетални влакна им е регулација на столицата. Со само 100 грами леблебија можете да внесете дури 68% од дневните потреби на диетални влакна.
Уште еден голем бенефит од леблебијата е неговата протеинска содржина. Содржи поголем број на аминокиселини, основната градбена единица на протеините, па за многу вегетаријанци е погодна замена за месото, а кај веганите дури замена и за млечните производи.

Close