Музичарите остварија средба со претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“, кои го информираа за предизвиците и тешкотиите со коишто се соочуваат музичарите поради пандемијата на ковид-19.

На средбата тие нагласија потреба од итна ревизија на сите протоколи што се однесуваат на музичарите и на музичките работници. Претставниците од ова здружение рекоа дека бараат средби со Комисијата за заразни болести на кои би се разгледувале тековните состојби и актуелни проблеми со кои се соочуваат членовите на ова здружение, но и другите здруженија од сродните области. Тие најавија дека ќе поднесат и предлог до Владата и до министерството за култура за организирање музички настани на територијата на целата држава со општински пари, а со цел децентрализација на културата, како и барање за поголема и поправична застапеност на македонските музичари во медиумите. Како итно барање, претставниците од Здружението ја истакнаа потребата од помош на семејствата каде двајцата сопружници работат во музичката област.

Close