Од следната недела компаниите ќе може да аплицираат за сите мерки од четвртиот сет

Од почетокот на следната недела компаниите ќе можат да аплицираат за сите мерки од четвриот сет антикризни економски мерки што го донесе Владата за справување со последиците од коронавирусот Ковид-19, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

– Утре треба да се усвои ребалансот на Буџетот, а во текот на оваа недела ќе се изгласа и Законот за финансиска поддршка за исплата на плати. Од следната недела компаниите ќе може да аплицираат, не само за оваа мерка, туку и за останатите мерки имајќи во предвид дека голем дел од мерките се спроведуваат преку програми кои што треба да ги донесе Владата и за нив треба да бидат објавени огласи, рече Бектеши во гостивање на ТВ Телма.

Close