Билт на Твитер: Нема европска иднина на Балканот со наметнување некакви „историски вистини“


„Ако напредокот на Балканот кон ЕУ зависи од тоа дали една или друга држава ќе наметне некаква ‘историска вистина‘, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за време на една или две генерации“, напиша Билт на Твитер.
Шведскиот дипломат го објави коментарот на својот Твитер профил над постираната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за Ројтерс во вели дека Софија инсистира Скопје да ја признае историската вистина ако сака да напредува на патот кон ЕУ.