Мицкоски со препорака до министерот од Владата на нашиот источен сосед ,да го прочита Блаже Конески

Во својата објава на фејсбук лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со препорака до министерот на како што пишува Владата од нашиот источен сосед да го прочита Блаже Конески, а на премиерот Заев да реагира на ваквите изјави со неточна и навредлива содржина.

-Силно му препорачувам на министерот од Владата на нашиот источен сосед кој вели: “македонскиот јазик е балканско есперанто” да го прочита Блаже Конески и од него има што да научи, а на Заевата есперанто влада во Македонија која воопшто не реагира на ваквите изјави со неточна и навредлива содржина, да собере храброст и да се бори за националните и стратешките интереси, напиша Мицкоски во својата објава.

Close