Македонците од Албанија ја осудија изјавата на Захариева, но не и Заев

Изјавата на Захариева за „бугарските корени“ ја осуди Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

– Македонците во Албанија изјавата на министерката Захариева ја осудуваат и ја сметаат за несоодветна и недолична. Недозволливо е висок државен функционер, како министер за надворешни работи, да ја злоупотребува позицијата за потценување на Македонците и Македонија. Во истоврме најостро ја осудуваме злоупотребата на правото на вето на Бугарија во Европската Унија, се наведува во реакцијата на друштвото „Илинден“.

Close