Директорот на Пазарен инспекторат позитивен на Ковид-19

Директорот на Државниот паразен инспекторат, Стојко Пауновски преку својот фејсбук профил информираше дека е позитивен на коронавирусот.

„И покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Covid 19. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација“, напиша Пауновски на фејсбук.

Close