Во Велес затворени јавните детски игралишта и детските забавни паркови

Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата последна седница во петокот одлучи превентивно да бидат затворени и јавните детски игралишта и детски забавни паркови во Велес. Целта на оваа одлука, како што информира градоначалникот Аце Коцевски, е да се спречи групирање и пренесување на ковид-19 кај младите и нивните најблиски кои ги придружуваат во детските забавни паркови.

Тој ја оцени како крајно алармантна состојбата со ковид -19 во Велес и апелира до граѓаните да ги почитуваат превентивните меки за заштита со цел да се спречи ширењето на заразата и да се сочува здравјето на граѓаните.

Бројот на активни случаи во Велес и велешко од ден на ден расте и до вчера попладне тој број изнесува 383. Вчера беа регистрирани 50 новозаболени, а завчера рекордни 83 новозаболени со ковид-19.

Close