Бројката на ковид-позитивни во земјата прв пат надмина илјада, вчера рекорден број случаи и во други балкански земји

Со 1085 лица ковид-позитивни во земјата бројката на заразени вчера првпат надмина 1000. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во Скопје-447, во Струмица-80 и во Куманово-69.

Бројот на заболени бележи раст на целиот eвропски континент. Според податоците Ворлдметерс објавени вчера во Европа се регистрирани над 140 илјади нови случаи на коронавирус, со што бројот на позитивни на континентот изнесува 9 851 825. Како и во цела Европа и на Балканот се разгорува епидемијата на коронавирус и секојдневно се бележат нови црни рекорди.

Рекорден број заболени вчера забележани во Србија 1817 лица, во Бугарија 2891, во БиХ 1912, во Романија 6546, во Албанија 319. Во Хрватска вчера беа регистирани 2769 нови случаи, во Црна Гора 320, во Словенија 1796.

Министерството за здравство кај нас вчера информира и за 12 починати лица и 283 оздравени пациенти. Меѓу починатите најмладиот е на возраст од 27 години од Куманово, а највозрасниот е 87- годишен тетовец. Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31572, бројката на оздравени пациенти е 20731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9847.

Close