Моќта на сусамот

????????????????????????????????????

Ако во вашите јадења редовно сте додавале сусам, тогаш на вашиот организам сте му правеле вистинска услуга.
Црн сусам, бел сусам или црвен/кафен сусам се различни видови на сусам кои се разликуваат по бојата на семето кое изобилува со масла и протеини. И додека кафениот и црниот сусам на пазарот доаѓаат неизлупени, белиот може да се набави излупен или со лушпа, но и во облик кој многумина го познаваат под името тахини (паста од сусам).
Витамините Б, А, Е, лецитинот, ниацинот, бројните минерали како калциумот, калиумот и магнезиумот, фосфорот, железото, цинкот и селенот, сами по себе говорат за вредностите на оваа навистина мала според димензиите, но навистина исклучително моќна билка.
Сусамот ги зајакнува нашите заби и делува на усната празнина, забите и непцата. Со негова употреба се намалуваат воспаленијата, инфекциите, се зајакнуваат забите и забната глеѓ, се делува на спречување на настанувањето на забен плак, но и се делува врз исфрлањето на токсините од телото.

Го зајакнува кардиоваскуларниот систем
Сусамот го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот за настанување на срцеви болести.
Антиоксиданс
Сусамот содржи две единствени соединенија од групата на диетални влакна наречени лигнани – сезамин и сезамолин. Сè повеќе студии ја покажуваат важноста на сусамот во улога на зајакнување на нашиот организам и делување во борбата против слободните радикали. За оние кои се борат со ракот на дојка, ракот на дебелото црево, ракот на грлото, сусамот е еден од главните помагачи во борбата за подобро здравје.
Здрава кожа и убавина
Маслото од сусам ги ублажува иритациите, а со тоа што содржи витамин Е и цинк, делува на здравјето на кожата, нејзината еластичност и го успорува процесот на стареење, сушење на кожата како и против прерано формирање на брчки.
Аналгетик
Локалното аплицирање на заболеното подрачје покажува дека маслото од сусам е и одлично за ублажување на болките. Се препорачува при послаби повреди на тиквата, грчеви или слаба циркулација.
Афродизијак
Со редовно консумирање на сусам се намалува импотенцијата и се делува на зајакнување и поттикнување на виталните функции и зајакнување на репродуктивното ткиво.
Се регулира менструалниот циклус
Од тие причини се препорачува како составен дел од исхраната токму во предменструалниот период. Тој ги намалува менструалните болки и ги ублажува симптомите на ПМС.
Ги зајакнува коските
Сусамот е богат со калциум, а неговото длабоко продирање во ткивата дополнително говори во прилог на неговата важност за зачувување на здравјето и цврстината на нашите коски. Особено им се препорачува на личностите кои се заболени од остеопороза.
Нутритивен тоник
Сусамот е лесен лаксатив па со тоа го регулира и варењето, влијае на здравјето и работата на цревата, но и целокупниот дигестивен систем.