И портпаролката на СДСМ позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска е позитивна на Ковид-19. Преку својот фејсбук профил таа ја информираше јавноста дека вечерва добил позитивен резултат за Ковид 19.

– Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг, пишува Кузеска на својот фејсбук-статус, воедно апелира за строго почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Close