(ВИДЕО) Какви сме биле и како станавме вакви?

Еден документарен филм за Охрид од 1984 година кој го снимила Телевизија Скопје покажува како се живеело во Охрид во тоа време, а ние објавуваме дел од тој филм кој се однесува на индустријата и стопанството во Охрид.

Охрид во 1984 година имал десетици илјади вработени во индустријата и фабрики кои ги граделе Кувајт, Ирак и Либија. Градот имал урбанистичко биро кое ги проектирало најдобрите урбанистички решенија во новите делови на градот. Охрид имал и угостителство кое работело по сите стандарди или наука за угостителството. Охрид го имал ЕМО кој градел далноводи, а сега се радуваме на некоја фабрика која прави кабли. По толку децении можеме само да се прашаме: Како станавме вакви ?

 

Close