Вечерва почнува зимското сметање на времето

Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час поназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот.

 Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија.Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Close