Природен лек за 100 болести

Лукот е монокотиледон, кој доаѓа од фамилија на тревести многугодишни растенија, а ботаничарите го сметаат за нејзин најважен род.

Потекнува од Средна Азија, но веќе со вековен временски период им бил познат на Римјаните, Египјанитеи Грците. Иако се употребува во многу мало количество, лукот е главна состојка во кујната, но и алтернативната медицина.

Препознатлив е по својата бела боја, а доаѓа и со карактеристичен мирис. Во својот состав содржи фитоноциди, кои се познати по нивното антибактериско својство. А во однос на структурата, составен е од т.н луковица, која пак, е поделена на помали ситни делови, кои се нарекуваат чешниња.

Најголем произведувач на лук во светот е Кина, која зазема 77% од светското производство на овој зеленчук.

Велат дека употребата на лукот е стара колку и градбата на пирамидите во Египет. Тоа значи дека уште пред илјадници години луѓето во лукот го гледале најбогатиот природен лек и растението било исклучиво ценета билка.

Висок холестерол во крвта, тумор, инфаркт и болести на срцето и артериите се само дел од долгата листа на болести против кои лукот може успешно да се избори. Лукот е главен лек против астма, а порано се користел и при посериозните убоди од штетници како шкорпиите.

Во 1858-та година, реномираниот Луј Пастер докажал дека штетните бактерии умираат по нивен третман со лук. А истовремено, во тоа старо време, за лечење на раните и спречување инфекциите да не се прошируваат, бил користен токму овој зеленчук.

Зеленчукот, покрај бактериите, успешно ги уништува и габите и вирусите, што го прави одлично средство во борба против здодевните настинки.

Во неговиот состав, лукот содржи селен, магнезиум, калиум, калциум, флавоноиди, како и витамините Б6 и Ц. Едно германско истражување покажало дека лукот помогнал и на пациентите да се справи со ХИВ-вирусот.

Од лукот ги консумираме чешнињата, свежи или приготвени, а истовремено можат да се консумираат и неговите листови, стеблото и цветовите. Неговото доцно созревање во летниот период, го прави одличен за подоцна употреба во зимниците. Истовремено постои есенски и пролетен вид, кој расте во тие годишни времиња.

Во продавниците, веќе ни е достапен и во форма на прав, што го прави уште полесен за комбинирање во нашите омилени јадења. А еве уште еден начин како овој зеленчук може да го искористите, а начин за кој сигурно не сте знаеле:

Природен рецепт за слабеење и зајакнување на имунитетот

Потребни состојки

  • 12 чешниња лук
  • 300 гр мед
  • 1 чиста тегла

Начин на подготовка

Исецкајте ги чешнињата лук на ситни делчиња и малку стиснете ги, за да можат да испуштат сок. Во теглата, ставете го медот, а потоа додадете го и исецканиот лук заедно со неговиот природен сок и добро измешајте.

Оставете ја добиената смесата да отстои 1 недела, а потоа таа ќе биде спремна за консумирање, а притоа се препорачува секој ден да консумирате по 1 лажица. Во сместа, по желба, претходно можете да додадете и ѓумбир.

Close