Охриѓанката Лидија Петкоска стана член на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ

Претеничката од Охрид  Лидија Петкоска стана член на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Петкоска на својот ФБ профил напиша:

Честа е огромна, а одговорноста неопислива!

Изразувам најискрена благодарност до Претседателката Жаклина Пешевска и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба да станам член на Извршниот комитет на Унијата на жени.
Убедена сум дека УЖ и понатаму ќе биде мрежа од активистки кои знаат да постават прашања, да ги разберат одговорите и од тој став да ја градат и надградуваат партиската политика.
Заеднички и сплотени продолжуваме кон нови битки, предизвици и победи!
Close