“Гробишта” го премести Прличев

Извршена е компетната дислокација на спомен обележјето на лауреатот Гриор Прличев од страна на ЈП “Градски гробишта”. Споменикот е поставен во близина на киното до библиотеката во Охрид.

Како што истакнува првиот човек на ЈП “Градски гробишта’, Ванчо Костоски инвеститор на проектот е Локалната Самоуправа додека изведувач е ЈП “Градски Гробишта”.

Според просторот може да се каже дека е најдено најсоодветно место за овој голем охридски лауреат, а секако од страна на изведувачот “Градски гробишта” просторот е најсоодветно уреден, поплочен и бетониран,  онака како што доликува на овој неповторлив охридски поет.

Како следна активност ќе биде хортикултурно уредување околу спомен обележјето од страна на ЈП “Охридски Комуналец”

Close