Нови автори , нови книги во охридската библиотека

Од новата светска продукција НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид за оваа седмица издвои уште девет нови дела кои од денеска можат да се изнајмат и прочитаат.

Се работи за книгите: „Една страшна зима “ и „Девојка од мал град“  од Лиса Клејпас, „Мапирање на сол и ѕвезди“ од Зејн Џухадар, „Сите цвеќиња во Париз“ од Сара Џио , „Таблета против стравот“ од Андреј Курпатов, „Совршено дете“ од Лусинда Бери, „Лажговците“ од Наоми Џој, „Жаклин Кенеди Оназис – Нераскажана приказна“- Барбара Леминг и „Приказни за девојчиња“

За една година зачленувањето во Библиотеката  за деца чини 200 а за возрасни 300 денари.

 

Close