Петкоска: Поради селективното рушење на дивоградбите загрозен е статусот на Охрид во УНЕСКО

Гласот на граѓаните мора да се слушне. Денеска преку протестот со возила охриѓани го искажуваат незадоволството од криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот коишто ги спроведува власта на СДСМ и Заев. Македонија стана земја на криминалци на власт, предавства и неправда. Неспособноста на власта да се справи со КОВИД-19 удира по животите на граѓаните. Прогонот на политички неистомисленици, криминалот и корупцијата станаа секојдневие. Поради селективното рушење на дивоградбите загрозен е статусот на Охрид во УНЕСКО. Никако не смее да се заборави дека враќањето на долговите со пари од граѓаните власта го изврши на крајно сомнителен начин. За жал, како народните пари да им беа малку, па започнаа да ги крадат и европските пари. Корупциските скандали и афери станаа нормалност, истакна Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието на Република Македонија на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Власта на СДСМ во индустриската зона Мауцкер коруптивно на коалициониот партнер Нефи Усеини му продаде парцели по пат на јавно наддавање за багателна сума од 71 денар по метар квадратен и однапред договорени услови. Власта и Георгиески имаа претходен предизборен договор за бетонската база, а правеа пред народот само предизборен театар. Овој случај веднаш да се истражи од Државната комисија за спречување на корупција и Љупчо Николоски со кој градоначалникот Георгиески со поставените услови го ограничил конкурирањето на потенцијалните купувачи и на тој начин свесно го оштетил буџетот на општина Охрид, како и буџетот на Република Македонија.

СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата за Македонија да има светла иднина.

Изразуваме благодарност до сите граѓани и порачуваме дека и понатаму ќе продолжиме со сите демократски алатки за да се чуе нашиот глас, истакна Петкоска.

Close