(ВИДЕО) Чудо во Кина – 5-годишно дете оживеало после 110 мин откако срцето престанало да му чука

Чуда се случуваат. Доказ за тоа е  5-годишно дете од Кина, кое оживеало по речиси два часа откако срцето престанало да му чука. Детето Лин Лин наводно си играло кога се лизнало и паднало во езеро на југот на Кина. 53-годишниот Јанг Ју, кој во овој дел на земјата бил на одмор со семејството, забележал […]

The post (ВИДЕО) Чудо во Кина – 5-годишно дете оживеало после 110 мин откако срцето престанало да му чука appeared first on Скопје1.мк.

Чуда се случуваат. Доказ за тоа е  5-годишно дете од Кина, кое оживеало по речиси два часа откако срцето престанало да му чука.

Детето Лин Лин наводно си играло кога се лизнало и паднало во езеро на југот на Кина. 53-годишниот Јанг Ју, кој во овој дел на земјата бил на одмор со семејството, забележал детски панталони како пловат по површината на езерото.

Повикал помош и скокнал во водата кога го видел детето кое плови со лицето свртено кон водата, само неколку метри од него. Иако итната помош веднаш го префрлила 5-годишното дете во болница, докторот констатирал дека детето за жал не диши.

Наредните 40 минути се обидувале оживување. Кога се подготвиле да констатираат смрт, мајката и дедото на момчето ги преколнувале да продолжат.

-Немав срце да прогласам смрт, рекол докторот Ван Бо.

Продолжиле да го оживуваат, а потоа го приклучиле на апарати. Меѓутоа, после 110 минути за некое чудо, детето почнало самостојно да дише.

Докторот Ван будењето на момчето го нарекол чудо, и рекол дека никогаш не видел пациент да се врати после толку долго време без отчукување на срцето.

Момччето било сместено во друга болница поради натаможен третман, и уште некое време ќе прима кислород поради можни оштетувања во мозокот, предизвикани од 100 минути без чукање на срцето.

 

The post (ВИДЕО) Чудо во Кина – 5-годишно дете оживеало после 110 мин откако срцето престанало да му чука appeared first on Скопје1.мк.

Close