Полициски службеници ќе спроведат вежбовна активност

Полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Охрид, при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре (21.10.2020 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање.

Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“ Упатуваме апел до грашаните, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

Close