Отворена прекршочна процедура против Кипар и Малта за продавање ЕУ пасоши

Европската Комисија соопшти дека денеска се отворени прекршочни процедури против Малта и Кипар за предметот „златни пасоши“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија им испрати писма на владите од двете земји со прашања на кои тие треба да одговорат во рок од два месеца, по што Комисијата ќе одлучи дали е задоволна од одговорите и дали треба да се активира втората фаза од процедурата која може да заврши пред Европскиот суд за правда.

Европската извршна власт смета дека шемата „златни пасоши“, која им овозможува на граѓани од трети земји да добијат кипарски или малтешки пасош, односно ЕУ државјанство, со плаќање или со инвестирање, не е согласно начелата на повелбите на ЕУ, поточно членот 4 (3) од Повелбата на ЕУ, како и членот 20 од Повелбата на функционирање на ЕУ, кој се однесува на ЕУ државјанство.

Close