Арсовски: Димова доделила 54.000 евра на училиште во кое работат роднини на министерот Маричиќ и неговата сопруга

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ја повика Лидија Димова веднаш да си даде оставка од позицијата директор на Националната агенција, бидејќи, како што велат,  заглавена е во сомнеж за криминал до гуша.

„Денес, сакаме да поставиме неколку прашања во врска со проект кој е доделен на средно општинско училиште ‘Коле Нехтенин‘ од Штип, проект во вредност од над 54.000 евра, за едукација за туризам на Кипар.

Дали за овој проект кој што го споменав претходно во вредност од 54.000 евра, главен протеже да го добие ова училиште во Националната агенција била претседателката на Управниот одбор во истата агенција, Маринела Тушева, инаку сопруга на министерот за правда, Бојан Маричиќ? Бидејќи, прва братучетка на Маринела Тушева е Јулијана Саздова, наставничка вработена во средното општинско училиште ‘Коле Нехтенин‘ кое го добило проектот, додека пак нејзиниот татко, а вујко на Маринела Тушева е Нако Ташков, инаку член на училишниот одбор во училиштето.

Close