(ВИДЕО) Убиени најмалку 40 луѓе во џамии во Нов Зеланд – убиецот масакрот и го снимал поставил на социјални мрежи

Страшниот масакр во двете џамии во Нов Зеланд, во кој се убиени 40, а ранети 20 муслимански верници, го изврши само еден напаѓач. Тој целиот чин, од подготовка до влегување во џамиите го објави на социјалните мрежи. Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува […]

The post (ВИДЕО) Убиени најмалку 40 луѓе во џамии во Нов Зеланд – убиецот масакрот и го снимал поставил на социјални мрежи appeared first on Скопје1.мк.

Страшниот масакр во двете џамии во Нов Зеланд, во кој се убиени 40, а ранети 20 муслимански верници, го изврши само еден напаѓач. Тој целиот чин, од подготовка до влегување во џамиите го објави на социјалните мрежи.

Во 17-минутното видео се покажува напаѓачот Брентон Тарант, кој излегува од автомобилот, зема оружје од багажникот, го извршува нападот и се враќа во автомобилот.

Видеото е веќе избришано од Интернет. Сепак, инсерти од видеото се шират на социјални мрежи. Додека патува до џамиите со помош на навигација, во автомобилот е пуштена српска ,,патриотска “ песна за Караџиќ.

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн соопшти дека најмалку 40 луѓе се убиени во напади во две џамии во градот Крајстчрч.

– Ова е еден од најтемните денови во историјата на Нов Зеланд. Она што се случи овде е досега невиден чин на насилство, истакна премиерката Ардерн.

Таа додаде дека повеќе од 20 лица се ранети, од кои повеќето со сериозни повреди. Меѓу нив има и деца.

По престрелката чeтири мажи и една жена се уапсени,но нема детали за напаѓачите. Нападот се смета за тероризам,  но засега нема потврда дека бил самоубиствен.

Лицето кое ја презеде одговорност за терористичкиот напад, оставило антиимигрантски и антимуслимански проглас на 74 страници, во кој објаснува кој е и зошто го извршил нападот.

The post (ВИДЕО) Убиени најмалку 40 луѓе во џамии во Нов Зеланд – убиецот масакрот и го снимал поставил на социјални мрежи appeared first on Скопје1.мк.

Close