ВМРО ДПМНЕ утре ќе протестира во 7 градови против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот

Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Тие додаваат:

Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.

СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протести со возила на територија на Град Скопје, и општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола утре вторник 20.10.2020 година со почеток во 18:30 часот. Протестот со возила на територија на Град Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот. Ова самоволие на власта мора да прекине!

Close