Хрватски генетичар: Ковид-19 би можел да изврши самоубиство поради грешки во мутацијата

Хрватскиот генетичар и член на Научниот совет на Владата на Хрватска, Мирослав Радман, тврди дека коронавирусот би можел сам од себе да изумре поради грешките во мутацијата.

Ковид-19 можеби ќе изумре преку генетска смрт доколку акумулира толку грешки преку мутацијата.

– И самите научници ако немаат доволно податоци нема да можат да бидат функционални научници. Јас како генетичар предвидувам дека ковид-19 би можел да изумре со неговата мутација, односно поради сопствените грешки во копирањето, бидејќи вирусоте коишто во себе содржат РНА, а не ДНА како геном, мутираат околу 100.000 пати и повеќе. Сепак, многу малку можеда се предвиди со оглед на актуелното ширење на вирусот. Луѓето се доволно паметни да не предвидуваат затоа што немаме елементи со кои би предвиделе што би се случувало во иднина. Најважниот податок е која е последицата од неговото ширење – истакнал Радман.

Тој додал дека интересна е опсервацијата дека смртноста од вирусот опаѓа во однос на февруари и март.

Close