Бензините поевтини за половина денар, дизелот со истата цена

Намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто од ноќеска на полноќ, одлука е која денеска ја донесе Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат и остануваат по 50,50 ден/лит.

Цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг  и со тоа изнесува 26,754 ден/кг.

Close