Превентивна систематска дератизација на подрачјето на општина Охрид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.Весник на РМ 66/2004, 139/2008,  99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на Одлука на Советот на општина Охрид, на 20.10. и на 21.10.2020 година (вторник и среда) ќе се спроведе превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка.

Според планираното, екипите на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ќе извршат системска дератизација во стариот дел од градот, населбите „Билјанини Извори“, „Гоце Делчев“, „Воска“ и „Далјан“, на булевар .„Туристичка“ и на улиците „Питу Гули“, „Железничка“, „Јане Сандански“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“ и „Момчило Јорданоски“.

Close