СДК.МК: Германски војник од прва светска војна го користел македонскиот народен вез за да праќа шифрирани пораки

Макс Ромер почнал да кодира во Морзеова азбука букви и пораки скриени во цртежи од македонскиот народен вез и османлиската калиграфија. На овој начин, праќал пораки за позициите на германските трупи, или можеби праќал искрени писма дома на семејството без да бидат редактирани од воената цензура. (Фото: СДК.МК)

Влатко Милошевски повеќе од 25 години работи како професионалец во областа на електрониката и компјутерските науки во Ајндховен, Холандија. Во слободното време, тој е пасиониран трагач и колекционер на ликовни уметнички дела по аукциски куќи, саеми за антики и онлајн уметнички галерии и музејски продажби. Неговата колекција е многу уникатна, таа се состои од уметнички дела од странски автори кои престојувале на територијата на Македонија во периодот од 1850 до 1950 година и тука создале свои дела поврзани со луѓето кои живеат тука, со овдешни мотиви и предели. Импозантно е што таа збирка веќе ја достигна бројката од над 200 уметнички дела, објави СДК.МК.

Тој вели дека и понатаму работи на Лексиконот и ќе продолжи да ја зголемува својата колекција уметнички дела. „Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија“, додава колекционерот.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Close