ПЈОНГЈАНГ РАЗГЛЕДУВА ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ВАШИНГТОН ЗА ДЕНУКЛЕАРИЗАЦИЈА

Раководството на Северна Кореја разгледува одлука за прекин на понатамошните преговори со САД за денуклеаризација. Тоа го изјави заменик-министерката за надворешни работи Чо Сон-хуи на прес конференција во Пјонгјанг на која беа поканети и претставници од амабсади и странски новинари.

– Немаме намера да правиме отстапки пред барањата на САД во каква било форма, ниту пак имаме желба да водиме таков вид преговори, изјави таа.

Тоа е прва изјава на претставник на севернокорејските власти со оценка за средбата меѓу лидерот Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп што се одржа на 27 и 28 февруари во Виетнам. Таа додаде дека Ким има намера да даде официјална изјава во која ќе го образоложи следните чекори на Северна Кореја по неуспешната средба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close