СДСМ: Изгубивме голем човек, борец, другар, млад доктор кој даваше се’ од себе за граѓаните

Денеска на комеморативна седница беше оддадена почит на ликот и делото на прерано починатиот другар Трајче Нешковски, поранешен секретар на СДММ, истакнат член на СДСМ и докажан здравствен работник.

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Saturday, October 17, 2020

СДСМ загуби голем човек, борец, другар, млад доктор кој даваше се’ од себе за граѓаните, за татковината и подобро утре за сите граѓани.

Неговите дела, неговата искрена верба во идеалите за подобра иднина, остануваат како трајни вредности за сегашните и идните генерации.
Во негова чест, летниот камп на СДММ кој се одржува секоја година, ќе го носи неговото име, Трајче Нешковски.
Нека почива во мир.

 

Close