Лавров доаѓа во Србија на 28 октомври

На 28 и 29 октомври во Белград доаѓа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и српскиот државен врв, изјави генералниот секретар на Вучиќ, Никола Селаковиќ.

Селаковиќ додаде дека Вучиќ двапати се слушнал со рускиот претседател Владимир Путин, но дека Путин најверојатно нема да го посети Белград поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Close