Мицкоски повика на лидерска средба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика лидерите на релевантните политички партии, да седнат и да разговараат отворено за прашањето кое што денеска е актуелно, а тоа се преговорите со нашиот источен сосед Бугарија. Тој смета дека вакви сериозни прашања се решаваат на лидерска средба на маса.

– Како политичар не верувам дека нашиот источен сосед ќе ја блокира Македонија во евроинтеграциите за тоа што ако се суштински, не само декларативни изјавите на политичарите од кај нашиот источен сосед тоа нема да се случи, и покрај сите авантури кои што ги направи Зоран Заев изминативе години. Така што како втор заклучок на вашето прашање не верувам дека тоа ќе се случи и ги охрабрувам тоа да не го направат. Затоа што така не ја загрозуваат само иднината на македонските граѓани, ја загрозуваат и сопствената иднина како граѓани на ЕУ.
Често пати во минатото сум имал телефонска комуникација со господинот Бујар Османи, за жал навикнат сум на невистинити работи да слушам од другата страна на слушалката. И се сомневам дека на уште една таква комуникација дека би слушнал некоја работа поинаква од невистината која што сум ја слушал во минатото. За жал кај нас многу политичари, многу политичари заборавија што значи зборот чест, честитост и зборот збор. И се надевам дека времето кое што е пред нас ќе ги промени овие политичари да се вратат на зборовите чест, честитост и збор во вистинска смисла на зборовите“, вели Мицкоски.

Close