ЦЈЗ- неделен преглед на состојбата со КОВИД 19

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа,  Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата  од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.

 

За период од 10 до 16 октомври 2020 г.

  • Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 147 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
  • Од вкупно земените материјали, 84 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 63 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
  • Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 79 лица и тоа кај 42 лица од општина Охрид, кај 27 лица од општина Струга и кај 10 лица од општина Дебар.
  • Во овој период оздравени се 6 лице од Охрид, 6 лица од Струга и 1 лице од Дебар.
  • Во овој период починати се 3 лица од општина Струга
  • Активни случаи во Охрид се 78, во Струга 69, а во Дебар 43.

 

Од почетокот на епидемијата до 16 октомври 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај  вкупно 1533 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 496 лица во општина Охрид и Дебрца, 735 лице во општина Струга и Вевчани и 302 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 397, од Струга се 598, а од Дебар и Центар Жупа се 244 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 21 починати пациенти, од општина Струга се починати 68, а од Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица

Дозволете да нагласиме дека во овој период коронавирусот е во локална трансмисија и со засилена активност.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго  придржување  и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

  • ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА
  • ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.
  • ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА
  • ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

Бидете одговорни!

Close