Во Франција од вечерва полициски час, дозволено џогирање и шетање кучиња

Ноќниот полициски час ќе стапи на сила во Париз и во осум други градови во Франција од вечерва, што ќе влијае на околу 20 милиони граѓани.

Сепак, ќе бидат дозволени одредени исклучоци, како што се џогирање и шетање на кучињата, јави Би-Би-Си.

Полицискиот час ќе важи помеѓу девет часот навечер и шест часот наутро и ќе важи најмалку еден месец.

Рестораните, кафулињата и кината ќе можат да работат до 21 часот, а на иста маса ќе може да вечераат максимум шест лица, пренесуваат француските медиуми.

Продажните места за храна и натаму ќе можат да доставуваат во текот на ноќта.

За време на полицискиот час, граѓаните ќе можат да излегуваат надвор за џогирање и да ги носат кучињата на прошетка, но ќе им биде потребна дозвола, како што тоа беше потребно за време на претходниот двомесечен карантин.

Close