Природното дејство на дивиот костен

Пупките содржат ескулин, цветовите танин и кверцитин, а плодот нишесте, белковини, ескулин, стерол, витамини П, Б1, Ц и К, минерални соли.

Сапонинот што го содржи кората од гранките и плодот, лечи од кожни болести, ја разредува крвта и ја прави помалку леплива.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:

Дивиот костен пред се’ се употребува како лек на венозниот систем. Од него се прават масти против изгореници од сонце, чај кој помага против маларија, нервоза, хемороиди, пролив, кашлица.

РАКИЈА ЗА МАЧКАЊЕ НА ОПУШТЕНИ ВЕНИ

Се засекуваат 20 плодови од див костен, како крст и се прелеваат со 1 литар појака домашна ракија. Се чуваат затворени во тегла точно 40 дена. Од време на време треба да се промешуваат со дрвена лажица. По 40 дена се процедува низ газа и ракијата се чува затворена во чисто шише. Пред употреба, шишето треба да се протресе, за да се измеша талогот. Се мачкаат опуштените вени со површинско протривање, но не смеат да се масираат! При тоа ракијата се претвора во бела сапуница и за кратко се впива во кожата. Вените се мачкаат неколку пати дневно. Оваа ракија може да се користи и за мачкање на болни и отечени нозе и за лекување на целулит.

ЕКСТРАТ ОД ДИВ КОСТЕН

(1)   4-5 плода од див костен се рендаат и се поливаат со 1 литар ладен коњак. Шишето се остава да стои 6-8 недели па потоа се процедува. Овој екстрат се пие во капки за лечење вени и крвоток, проширени вени на нозете, тромбофлебит. Витаминот П што го содржи ја зголемува отпорноста на капиларите.

(2)   На 12-15 цвета и свеж изрендан костен се става 250 мл топол коњак и се размешува. Кога ќе се излади се процедува.

Зе зема во капки и се пие 3 пати на ден по 15-20 капки во вода или на коцка шеќер.

МАСТ ОД ДИВ КОСТЕН

20 г екстрат од див костен (погоре) и 60 г малку загреан ланолин (од аптека) се мешаат убаво со дврена лажица за да се спојат. Се мачкаат вените а потоа се завиткуваат со завој.

При подготовка на препарати од див костен, материјалот не смее да биде во допир со железо или лим. Може да се прават во емајлирани, стаклени или порцелански садови.

ПРОТИВ ПРОЛИВ: Се ренда половина костен и се меша со една чаша црно вино или кафе.

ПРОТИВ ДИЗЕНТЕРИЈА: Чај од 30 г кора во 1 литар вода.

ПРОТИВ РЕУМА: Во еднакви делови да се измешаат кора од млади гранки, лушпа од ореви и врба. Од смесата се земаат 2 супени лажици и се варат во половина литар вода. Течноста треба да отстои 10 минути, се процедува и се пие наутро и навечер по една мала чашка.

Дивиот костен е еден од најлековитите плодови на есента, и се користи за намалување на болката во вените, тромбоза, но и смрзнатини.

Препаратите од див костен, кој посебно се препорачува за луѓе кои имаат слаба циркулација, болни вени или хемороиди, треба да се користат веднаш штом се појават првите симптоми на болка. Иако е многу лековит, дивиот костен бавно дејствува, па со  превенција и третман на проблемите почнете порано.

Покрај разните козметички производи кои содржат костен, може да се подготви и специјален мелем од  ова лековито овошје.

За мелем од костени ви треба 12-15 зрели плодови од див костен (свежо набрани) и 2,5 дл коњак.

Костенот ситно нарендајте го со кората, ставете во стаклена тегла и прелијте со коњакот. Оставете да  отстои 6-8 недели. Додадете неколку капки во вода и пијте за циркулација на крвта, проширени вени, хемороиди …

Close