40 мртви во терористички напад на две џамии во Нов Зеланд

Полицијата од Нов Зеланд деактивираше неколку импровизирани експлозивни направи пронајдени прикачени на возила во Крајстчерч, по масовното пукање во две џамии. Најмалку 40 лица загинаа, а најмалку 20 лица се сериозно повредени.

Според сведоците, барем едно лице отворило оган од автоматско оружје кон луѓето што дошле да се молат во џамиите.

Уапсени се четири лица (тројца мажи и жена). Еден од напаѓачите е идентификуван како Брентон Тарант, а медиумите објавија дека на својот фејсбук-профил тој во живо го пренесувал нападот, кој самиот го квалификувал како терористички.

Полицијата деактивирала неколку импровизирани експлозивни направи што биле закачени на моторни возила.

„ЕДЕН ОД НАЈМРАЧНИТЕ ДЕНОВИ НА НОВ ЗЕЛАНД“

40 мртви во терористички напад на две џамии во Нов Зеланд (ФОТО+ВИДЕО)

Полицијата од Нов Зеланд деактивираше неколку импровизирани експлозивни направи пронајдени прикачени на возила во Крајстчерч, по масовното пукање во две џамии. Најмалку 40 лица загинаа, а најмалку 20 лица се сериозно повредени.

Според сведоците, барем едно лице отворило оган од автоматско оружје кон луѓето што дошле да се молат во џамиите.

Уапсени се четири лица (тројца мажи и жена). Еден од напаѓачите е идентификуван како Брентон Тарант, а медиумите објавија дека на својот фејсбук-профил тој во живо го пренесувал нападот, кој самиот го квалификувал како терористички.

Полицијата деактивирала неколку импровизирани експлозивни направи што биле закачени на моторни возила.

„Напаѓачот упадна во џамијата Масџид Ал Нор десетина минути по почетокот на молитвата и отвори оган. Тој истрела десетици, ако не и стотици куршуми. Белец е, со руса коса, низок раст, носеше шлем и панцир”, изјавил очевидецот Ахмад ал-Махмуд, изјави сведокот Ахмад ал Махмуд за новозеландскиот канал Стаф.

Второто пукање се случи во Линвуд Масџид, каде што сведок изјави дека видел човек во маскирна опрема и шлем за мотоцикл како ја напушта џамијата, додека според непотврдени информации, бомба била пронајдена на блиската Стрикленд авенија.

Локалните муслимани, наводно, го бркале вооруженото лице од Линвуд џамијата, истрелувајќи два куршуми додека бегал

Четири осомничени во моментов се во притвор, меѓу кои и една жена, а објектите остануваат затворени, додека полицијата ги повика џамиите во Нов Зеланд да ги затворат вратите до крајот на денот. За еден од приведените е потврдено дека е австралиски државјанин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close